Јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионот Свети Николе, за вкупна површина од над 5.263 хектари, објави во средата Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Станува збор за земјиште во катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово, Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 50 години за подигање на маслинарници, 30 години за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, како и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам. На 20 години ќе се дава под закуп земјиште за рибници, а на 15 години за одгледување земјоделски култури за период до 15 години. На толкав период ќе се даваат и ливадите.
Јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионот Свети Николе, за вкупна површина од над 5.263 хектари, објави во средата Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Станува збор за земјиште во катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово, Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци.
Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 50 години за подигање на маслинарници, 30 години за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, како и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.
На 20 години ќе се дава под закуп земјиште за рибници, а на 15 години за одгледување земјоделски култури за период до 15 години. На толкав период ќе се даваат и ливадите.
Заинтересираните за аплицирање за овој оглас, понуда за учество треба да достават до во рок од 30 дена од денот на објавување на огласот, кој ќе излезе во печатена верзија во три македонски медиуми, турскиот весник Хуриет, во електронска верзија во Дело, Економист и ЕУ Бизнис како и на веб страната на министерството за земјоделство.
Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец. Ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност.
Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.
Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.